
Оваа одлука доаѓа откако минатата недела Советот на Валандово ја отфрли иницијативата да се расправа за референдумско изјаснување на валандовчани откако советниците од ВМРО – ДПМНЕ гласаа воздржано. Активистите добиле зелено светло од ДИК во нивната подрачна единица во Валандово да се соберат потребните потписи за да се отпочне постапката за референдум.
Во Валандово веќе интензивно се гради Казандол чии директор тврди дека со технологијата што ќе ја инсталираат нема да ја загадуваат животата средина.
За Казандол идниот месец ќе се изјаснуваат и жителите на Богданци кои на последната седница донесоа одлука за одржување референдум за или против рудници.