Ван-Бисака го потпиша договорот со Јунајтед

од Vlatko K
103 прегледи

Дефанзивецот Арон Ван Бисака веќе е фудбалер на Манчестер Јунајтед. На социјалните мрежи
веќе излегоа фотографии и видеа, кога поранешниот играч на Кристал Палас ги помина
медицинските тестови и го потпиша договорот со „Црвените ѓаволи“.

Од ова стана јасно дека новиот додаток на Јунајтед ќе го носи дресот со број 29 на грб. На една од
фотографиите, Ван-Бисака позира со своето цело семејство во базата на клубот, каде што
договорот беше потпишан.

Се очекува денеска да биде официјално претставен од раководството на Јунајтед.
Ван-Бисака е второто летно засилување за Оле Гунар Солскјер по привлекувањето на Даниел
Џејмс.

Манчестер Јунајтед ќе плати 50 милиони фунти на Кристал Палас, а неделната плата на играчот ќе
скокне од 10.000 до 90.000 фунти.