Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, нема повод за задоволство по натпреварот против
Барселона, кој беше загубен од неговиот тим со 0:3.
„Нема рецепт против Меси. Никој нема можност да го задржи на 100%. Јас сум само среќен што не
играм во Шпанија и не се среќавам со него секоја сезона“, рече Ван Дајк, цитиран од радио „Монте
Карло“.

„Мислам дека тој е најдобриот фудбалер во светот. Но, видовте како и нашиот тим игра, како се
брани. Ние не се потпираме на лична одбрана еден против друг. Сите ние се браневме заедно и
напаѓавме заедно. Значи, ќе видиме што ќе се промени за следниот дуел, но сигурно ќе се обидеме
да се претставиме подобро“, вели дефанзивецот.
„Сега не размислуваме за трофеи, туку само да се исправиме на нозе. Сè е можно во фудбалот. Ние
дефинитивно веруваме дека можеме да направиме нешто. Севкупно, мислам дека имаме добра
сезона и ќе се обидеме да освоиме трофеј. Ако не, ние ќе продолжиме да работиме и да се
развиваме“.
„Мораме да бидеме горди на самите себе, бидејќи играме против најдобрите тимови во светот и
исто така играме во најдобрата лига. Во моментов сме во трката за двата најпрестижни трофеи и
мислам дека многу тимови ќе бидат среќни да се на наше место“, додаде холандскиот дефанзивец.