Ван Дајк: Ова е совршен натпревар за Манчестер Јунајтед да ги промени работите

од Vladimir Zorba

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк го коментираше претстојното дерби со Манчестер Јунајтед кое ќе се одигра на „Олд Трафорд“ во понеделник.

„Црвените ѓаволи“ ја започнаа сезоната со два порази, но ниту „црвените“ не се 100%, ремизирајќи во првите два првенствени натпревари.

„Тоа е многу голем натпревар, но не се работи за давање изјава. Сакаме да победиме и ќе направиме се што е можно за да го направиме тоа. Тие имаа тежок почеток оваа година, но ниту ние не започнавме како што сакавме, па ќе биде интересно. Според мене тие се добар тим и имаат добри играчи“, изјави Ван Дајк.

„Очигледно во однос на самодовербата тие не се во најдобра ситуација, но ова е совршен натпревар за менување на работите. Сепак, гледаме во себе и сакаме да направиме се што можеме за да бидеме подготвени за борба. Ќе биде тешко гостување, но се надевам дека некои играчи ќе се вратат во тимот и ќе се претставиме добро. Со нетрпение го очекуваме натпреварот“, додаде тој.

Слични содржини