Централниот дефанзивец на Ливерпул, Вирџил ван Дајк смета дека сите во таборот на Ливерпул
треба да гледаат на загубената битка за титулата од позитивната страна и да се гордеат со
извонредната сезона, која тимот ја испраќа.

По сите напори „црвените“ завршија на второто место во Премиер лигата, но им претстои важно
финале во Лигата на Шампионите против Тотенхем.
– Честитки за Сити, тие ја заслужија титулата за бод повеќе. Тоа беше една голема битка, на која
уживав во секој момент. Треба да гледаме од позитивната страна и да не заборавиме дека ни
претстои финале во Мадрид, така што можеме да ја завршиме сезоната со нешто големо. Тоа треба
да се обидеме да го направиме. Разочарување е вистинскиот збор. Мислам дека сите се
чувствуваме така затоа што бевме толку блиску. Сепак, треба да бидеме многу горди на тоа што
освоивме 97 поени и игравме на тој начин. Работевме толку напорно секој ден за да можеме да
бидеме што е можно поблиску, но за многу малку, Сити беа подобри. Таков е фудбалот. Тоа не
значи дека сè е готово. Можеме да научиме многу нешта од оваа сезона и се надевам дека
следната година повторно ќе можеме да се бориме за титулата и да се справиме уште подобро“,
изјави Ван Дајк.