Ван де Бик пред мечот со Тотенхем: Ќе треба да сме во најдобра форма, за да ги победиме

од Vlatko K
98 прегледи

Халфот на Ајакс, Дони ван де Бик изрази ентузијазам пред првиот дуел против Тотенхем од
полуфиналето на Лигата на шампионите.

„Како тим постигнавме голем напредок. Утре треба да уживаме во моментов, но исто така и да
извлечеме маскимум од него. Се се случува толку брзо. Се уште сме во играта во три турнири.
Навистина сум задоволен што можам да го доживеам тоа. Потребно е да се фокусираме на нас
самите и она што ќе правиме. Ќе треба да сме во најдобра форма, за да ги победиме“, изјави
младиот халф.

„Ако некој нема свој ден, тогаш друг ќе преземе поголем товар. Вака се случуваат работите, што е
една од нашите предности. Многу често велат дека е подобро да се игра како гостин. Во
претходните рунди, ова не беше случај и тоа работеше во наша корист. За мене нема голема
разлика“, изјави Ван де Бик на прес-конференцијата пред натпреварот.