Австриските инвестиции се долги години на врвот. Се радувам што ме придружуваат 25 австриски претпријатија. Има голем интерес за вашата земја. Ние не сме „hit and run“ инвеститори-таму каде што одиме, остануваме, вели претседателот на Австрија, Александар Ван дер Белен во своето обраќање од македонскиот Парламент пред пратениците и јавноста.
Тој порача дека Австрија се залагаше преговорите со С. Македонија и Албанија конечно да почнат.
-Од лани конечно сигналите покажаа зелено светло. Вие повеќе од заслужено го заслужувате ова. Движењето на возото зависи и од постојаното додавање енергија. За време на патот кон Брисел и Владата и Парламентот треба да ја даваат таа енергија. Сакам да ве замолам и охрабрам да останете скоцентрирани. Убеден сум дека македонските граѓани ќе ви бидат благодарни, рече Ван дер Белен.
Според него, Македонија заслужува почит поради Преспанскиот и преставува пример во регионот поради Охридскиот рамковен договор.
-Сега е потребен уште еден видлив знак на потреба. Не верувам дека е реалистично дека договорот од јули 2022 година ќе се преговара уште еднаш. Затоа е важно да се гледа напред, а не наназад. Длабоко сум уверен дека вашата одлука за ЕУ процес е важна за целиот регион и Европа. Патот кон ЕУ се исплаќа. Австрија ќе ви биде и понатаму сигурен партнер, додаде Ван дер Белен.
Австрискиот претседател потврди дека македонскиот јазик ќе остане јазикот на државата.
-Да се најде компромис значи да се напуштат спротивставените ставови и да се постигне заеднички став и решение, кажа Ван ден Белен.