Напаѓачот на Феенорд, Робин ван Перси ќе го одигра последниот натпревар во професионалната
кариера на 12 мај, соопштија од клубот на Твитер. 35-годишниот фудбалер најави уште во октомври
минатата година, дека ја прекинува кариерата по крајот на сезоната.

Во недела, Феенорд е домаќин ан АДО Ден Хааг во средба од 34-тото коло на холандското
првенство.
Ван Перси е голгетер број 1 во историјата на репрезентацијата на Холандија со 50 погодоци во 102
средби. Во својата кариера тој играл за тимовите на Арсенал, Манчестер Јунајтед, Фенербахче и
матичниот Феенорд.
Најголемите успеси на Ван Перси се освоениот со Феенорд Куп на УЕФА во 2002 година, титулата во
Англија со Манчестер Јунајтед во 2013 година, ФА купот на Англија во 2005 година со Арсенал, како
и пласманот во финалето на Светското првенство во 2010 година.