Или постои кривично дело предвидено во Кривичниот законик или не. Онака како што е препишано делото, ако во дејствијата ги најдете субјективното и објективното битие тогаш подглетнувате под истото. Членот 313 е „терористичко загрозување на уставниот поредок и општеството“. Тероризам е посебно кривично дело со член 394, тоа е нешто сосема друго, не е исто, многу е резлично. Обвинителството е тоа кое прибирајќи ги доказите оценува дали одредени дејствија припаѓаат на членот 313. Заклучиле, и според мене со право, дека овие луѓе треба да одговараат под членот 313, вели пратеничката од СДСМ Снежана Калеска-Ванчева.
-Насловот на делото „терористичко загрозување“ под дифолт осудените ги прави терористи, но ние имаме дело кое точно препишува што значи терористичко загрозување на уставниот поредок. Ги анализираме дејствијата кои се случија на 27 април, се гледа дека апсолутно тие дејствија создадоа насислство кое предизвикаа страв несигурност кај граѓаните, пратениците, новинарите и останатите кои беа таму. Клучното е дали Обвинителството докажало дека тие луѓе предизвикале страв кај граѓаните а со тоа и загрозување на уставниот поредок. Не збориме лично дали за Зијадин Села или некој друг, збориме за повеќе луѓе пратеници, кои беа нападнати за да се спречи изборот на Претседателот на Собранието. Обвинителството нема под како друго да го квалификува ова дело, и тука минималната казна е 10 години, вели Калеска-Ванчева.