Утрово вандализиран е објектот на детската градинка Росица во Ѓорче Петров. На ѕидовите на грдинката се испишани пораки: „СОНК убијци“, „Убијци на деца“.Вндалскиот чин е пријавен во полиција.
Меѓувреме штрајкот во образованието продолжува, вчера министерот за образование Јетон Шаќири ги повика наставниците да го прекинат штрајкот и да се вратат на настава.
Приоритет е враќањето на учениците во школските клупи, додава Шаќири, истовремено ветувајќи покачување на платите, но не без да прецизира за колку.
Утрово на својот Фејсбук профил повторно се огласи претседателот на СОНК, Јаким Неделков, упатуваќи порака до штрајкувачите:
„Петти ден од штрајкот на СОНК. Последен работен ден во неделата.Честитки за сите штрајкувачи кои имаат верба и самодоверба во себе и во СОНК. Овојпат правите нешто посебно за себе, за семејството, за дејноста. На крајот ќе бидете горди и со исправена глава ќе можете да кажете дека – ,,Да, јас дадов придонес за враќање на достоинството на професијата”.Успехот е неизбежен!“