Вардар ќе ја брани титулата во СЕХА на Ф4 турнирот во Задар

од Aleksandar Petrovski
267 прегледи

Завршниот турнир од регионалната ракометна лига – СЕХА, оваа сезона ќе се игра во хрватскиот приморски град Задар. Турнирот ќе се одржи од 3 до 5 април во салата „Крешимир Ќосиќ“.

Ова е трет пат, по Загреб 2012 и Вараждин 2016 година, завршницата да се игра во Хрватска.

– Како и секогаш, очекуваме дека навивачите ќе имаат шанса да гледаат одличен ракомет, но и да уживаат во целиот настан. По минатогодишниот Ф4 во Брест, Белорусија, ќе се обидеме да го подигнеме нивото уште повисоко и да организираме уште еден фантастичен турнир. Ние сме многу горди што една од најпосетуваните туристички дестинации на Медитеранот ќе биде домаќин на СЕХА – Газпром лига Ф4, изјави Синиша Остоиќ, извршен директор на СЕХА – Гаспром лига.

Актуелен шампион во СЕХА лигата е Вардар.

Слични содржини