Вардар обезбеди финале, Димитриевска и Стојчев победници на ТОП 8, Телеком НЕЦ 2 нов прволигаш

од desk4
134 прегледи
Викендот што помина на пинг понгарската сцена  понуди многу интересни случувања.
Во саботата на 18 Мај во Прилеп се одигра вториот полуфинален натпревар. Екипата на Вардар поради подобриот скор од 2:0 во регуларниот дел од сезоната во полуфиналната пресметка стартоваше со предност од 1:0 во дуелот со прилепски Младост 96.
Првиот натпревар кој донесе многу неизвесност го добија Прилепчани со 4:3 и му го нанесоа вториот пораз на Вардар во целата сезона, во регуларниот дел на сезоната Вардар беше поразен од другата прилепска екипа, Младост. Истиот ден во попладневните часови се одигра и решавачкиот натпревар за пласман во финалето на плеј офот. Овој пат Вардарци покажаа зошто беа најдобриот тим во текот на целата сезона. Во вториот натпревар извојуваа убедлива победа од 4:1.
 Во финалето на плеј офот ќе се сретнат екипите на Вардар и Младост, додека за трето место ќе се борат екипите на Младост 96 и Телеком НЕЦ.
Во неделата во Штип својата сезона ја завршија јуниорите. ТОП 8 турнирот ги собра во Штип најдобрите играчи до 18 години. Фаворитите Дамјан Стојчев и Ива Димитриевска убедливо, со сите победи ги освоија првите места на Топ 8 турнирот. На турнирот не настапи државниот првак Раиф Рустемовски кој живее во Шведска и не беше во можност да присуствува на завршниот турнир.s3.jpg

Топ 8 У 18 пласман

Јуниори

1. Дамјан Стојчев

2. Теодор Волкановски

3. Леонид Гошев

4. Даниел Зхоу Главевски

5. Лука Стојчев

6. Даниел Атанасов

7. Александар Јакимовски

8. Иво Мартиновски

Јуниорки

1. Ива Димитриевска

2. Бојана Михајловска

3. Ана Стојановска

4. Добринка Сотирова

5. Васе Богоевска

6. Фани Јовановска

7. Мила Штркова

8. Благица Ристевска

s2.jpg
Во Скопје, во салата на Телеком НЕЦ во Маџари, екипите на Телеком НЕЦ 2 и Крива Паланка 2007 го одиграа бараж натпреварот во кој двете најдобро пласирани екипи од двете регионални втори лиги се бореа за директен пласман во Првата пинг понгарска лига. Победата им припадна на Телекомци, додека паланчани ќе имаат уште една шанса во дополнителниот бараж натпревар со седмопласираната екипа од првата лига во регуларниот дел од сезоната, скопски Студент.
Резултат: Телеком НЕЦ 2 – Крива Паланка 2007 4:1
Baraz TN KP.jpg