Вардар се врати дома: Магичен триумф по 18 години и два гола од Талевски што ги разбудија заборавените надежи!

од Марта Пешевска
95 прегледи

Вардар со убедлива победа од 2:0 над Струга ТЛ го освои Купот на Македонија, по 18 години пауза, и обезбеди настап во Европа ова лето. Фудбалерите на Вардар од самиот почеток играа тактички паметно и доминантно под водство на тренерот Седлоски, кој во своето второ финале го освои првиот куп. Михаил Талевски беше ѕвездата на натпреварот со два гола – во 26. и 49.минута – кои го одлучија мечот.

Струга ТЛ започна агресивно и имаше неколку добри шанси, но одбраната на Вардар и голманот Талевски успеаја да ги сопрат нападите. По водството на Вардар, тимот ја контролираше играта, а Струга ТЛ со неколку измени се обиде да се врати, но без успех. На Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје присуствуваа околу 7.000 гледачи, а судија на натпреварот беше Игор Стојчевски.

Со ова Вардар го врати купот дома, потврдувајќи го статусот на најтрофеен клуб во Македонија, и најави силна борба во следната сезона.

Слични содржини