Вардар со најмногу играчи во Ол-стар тимот на ЛШ

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Петмина членови на македонскиот ракометен клуб Вардар се најдоа во Ол стар тимот на Лигата на шампионите, од кои четворица играчи и тренерот Роберто Парондо.

Во изборот на ЕХФ што траеше речиси еден месец, а на предлог на тренерите, соработниците на ЕХФ, медиа тимот беа одредени кандидатите. Потоа навивачите гласаа пред апликацијата на ЕХФ. И во тоа гласање доминираа токму нашите играчи.

Од тимот на Вардар во Ол-стар тимот се најдоа четворица ракометари:
Милосављев – најдобар голман
Дибиров – најдобро лево крило
Кристопанс – најдобар десен бек
Чупиќ – најдобро десно крило
Парондо – најдобар тренер

Ол-стар тим во ЛШ за сезоната 2018/2019
голман: Дејан Милосављев – Вардар
лево крило: Тимур Дибиров – Варддар
лев бек: Микел Хансен – ПСЖ
среден бек: Кентан Мае – Веспрем
десен бек: Даинис Кристопанс – Вардар
десно крило: Иван Чупиќ – Вардар
пивотмен: Хулен Агинагалде – Келце
млад играч: Лудовик Фабрегас – Барселонаи
дефанзивец: Блаж Благотиншек – Веспрем
тренер: Роберто Парондо – Вардар