Европскиот ракометен шампион Вардар оствари убедлива победа над дебитантот Пекинг со 37-23
(19-12) и ја оствари првата победа во овогодинешното издание на регионалната СЕХА Лига.

Прашањето на победникот во ниту еден момент не беше доведено во прашање, а тренерот на
„црвено-црните“, Давид Писонеро им даде шанса на сите ракометари, вклучувајќи ги и најмладите.
Димитриоски и Шишкарев со по шест погодока беа најефикасни, а Дисингер и Чупиќ дадоа по пет.
Гедбан на голот пак имаше 13 успешни интервенции.
Вардар во наредното коло од СЕХА гостување во Украина кај екипата на Мотор Запорожје.