Вардар триумфираше над Металург во СЕХА лигата

од Vladimir Zorba
82 прегледи

 

Лидерот на табелата во СЕХА лигата Вардар успеа да победи во натпреварот од 10.коло против градскиот ривал Металург со 31:29. На полувреме резултатот беше нерешен 15:15.taleski
Во најголемиот дел од дуелот двете екипи се менуваа во водство, а резултатот беше изедначен дури 17 пати и последен пат 25:25 во 48.минута. Потоа македонскиот првак Вардар направи серија од 6-1 за водство од 31:26.
Најефикасни на дуелот беа Тимур Дибиров кај Вардар со 7 голови и Филип Талески кај Металург со 8 голови. Страхиња Милиќ на голот на Вардар имаше 9 одбрани, а Дарко Арсиќ кај Металург 10.
Денеска се одигра и дуелот: Извиѓач Мешков Брест 26:34, а во тек е натпреварот Загреб ППД – Цеље.
Табела: Вардар 31 бодови, Мешков Брест 20, Загреб 19, Веспрем 18, Цеље 15, Горење 9, Металург 7, Нексе 7, Татран Прешов 6, Извиѓач 3.  /MIA