Европскиот комесар за добрососедство и проширување, Оливер Вархеји денеска во Скопје изјави дека ЕУ работи напорно за да им помогне на земјите од регионот со нови можности за бизнисите и граѓаните и, како што рече, да ги исполни ветувањата за нивно пристапување во Европската унија.
Вархеји во видеообраќањето пред учесниците на 2. Економски форум Делфи во Скопје зборуваше пред се за економската поддршка на ЕУ за земјите од регионот и за инвестицискиот план што беше започнат пред две години, во чии рамки 40 водечки проекти – грантови вредни 1,8 милијарди евра – досега се донесени.
„Овие проекти влијаат на растот и забрзувањето на соработката меѓу Западен Балкан и ЕУ и треба да ги подобрат транспортните, дигиталните и енергетските врски со ЕУ. Овие инвестиции ќе го туркаат регионот напред во создавање работни места и раст. Го прославивме договорот за финансирање на Белград со водечки проекти на ЕИБ и ЕБОР вредни 2,4 милијарди евра. Разговаравме за Коридорот 10 – железнички коридор што ја поврзува ЕУ преку Србија, Бугарија, Северна Македонија со Грција до пристаништето во Солун“, рече Вархеји.