Вархеји: Има договор за почеток на преговори со Северна Македонија

од Vladimir Zorba
226 прегледи

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на својот Твитер профил соопшти дека земјите-членки на ЕУ денес постигнаа договор за започнување преговори за пристапување на Северна Македонија и Албанија кон Европската Унија.

„Од се срце им честитам на двете држави. Ова исто така испраќа гласна и јасна порака до Западен Балкан: вашата иднина е во ЕУ“, напиша Еврокомесарот

Државниот министер за Европа на Сојузна Република Германија, Михаел Рот исто така ги потврди информациите.

– Добра вест во овие мрачни времиња: конечно зелено светло на денешната видео-конференција на Советот на министри за Европа за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ со нашите пријатели од Северна Македонија и Албанија. Победа за ЕУ и Западен Балканс. Честитаме на Скопје и Тирана, заслужено е, напиша Рот.

Слични содржини