Вархеји со надеж: Меѓувладината конференција со С. Македонија може да се одржи до 1 јули

од Nikola Popovski
262 прегледи

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји изјави денеска во Европскиот парламент (ЕП) дека сѐ уште е можно првата меѓувладина конференција со Северна Македонија да се одржи за време на португалското претседателство со ЕУ, односно пред 1 јули.

„Добрососедските односи се суштински дел од напредокот кон ЕУ, билатералните договори, Преспанскиот со Грција и Договорот со Бугарија треба и натаму да се имплементираат во доверба од сите страни. Ги охрабрувам Скопје и Софија да ги удвојат напорите за да изнајдат заеднички прифатливо решение за билатералните прашања, ги охрабрувам сите страни да се однесуваат конструктивно и да се воздржат од изјави и акции кои ги поткопуваат пошироките интереси на ЕУ“, рече Вархеји пред пред европратениците на почетокот на дебатата за годишните извештаи за напредокот за земјите од Западниот Балкан.

Сепак, тој оцени дека Северна Македонија има уште многу работа во делот на реформите.

Во име на Советот на министри на ЕУ, Ана Пола Закаријас им го пренесе на европратениците ставот дека членството на партнерите од Западен Балкан е исклучиво прашање на заслуга на секој поединечен кандидат, нагласувајќи дека новата методологија за проширување го става владеењето на правото на прво место.

Слични содржини