Вартоломеј повика на разум за решавање на спорот околу името на Македонија

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Повикот на патријархот Вартоломеј.

Вселенскиот патријарх и архиепископот на Константинопол Негово Високоправосвештенство Вартоломеј I направи специјално соопштение во врска со преговорите меѓу властите во Скопје и Атина за решавање на спорот за името на Република Македонија.
“Во врска со преговорите за името на ПЈРМ Вселенската патријаршија како Црква-мајка на сите балкански православни цркви  ги повикува сите заинтересирани страни да покажат здравомислие и воздржаност по оваа толку критично и чувствително прашање, за да може да биде решен по мирен пат и со разум” , се вели во соопштението на Вселенскиот патријарх. Тој повикува на трезвеност за денешниот националистички митинг во Атина.

Во пресрет на протестот во Солун, ГПЦ излезе со мека позиција, а архиепископт рече дека не го поддржуваат собирот. 2 седмици подоцна, со официјални претставници, тројца митрополити од Светиот синод, грчката православна црква ќе учествува на протестот.

-Црквата на Грција ќе учествува преку потпретседателот на Светиот синод, Митрополитот од Сирос, господинот Доротеос, кој ќе ги го прочита соопштението на Светиот синод, придружуван од митрополитот од Драма господинот Павлос и од Хиос, господинот Маркос.- соопштија од ГПЦ во средата.

Ставот на грчката православна црква е дека не треба да биде вклучен терминот Македонија ниту изведените зборови во името на нашата земја, затоа што влеат дека тоа ќе има влијание и на црквното прашање и потенцираат дека целиот спот има и црковна димензија.

Освен митрополитите од цела Грција, протестот го поддржа и здружението на свештени лица, додека пак црквите се организираат и во однос на превозот до Атина. Според грчкиот весник „Катимерини“, одредени митрополии полнат автобуси за учество во протестот.

Локално.мк  потсетува дека во последните недели се водат интензивни преговори меѓу Република Македонија и Грција. Двајцата премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас одржаа средба по овој повод, а меѓународниот посредник Метју Нимиц го посети двете земји. И двете страни велат дека сега е моментот за решавање на 25-годишниот спор, кој го блокира членството на Македонија во ЕУ и НАТО.

Утрешниот протест во Атина под лупа – протест за името Македонија или антивладин протест? (прв дел)