Без грам совест и елементарно чувство за одговорност, политичкиот пироман Христијан Мицкоски оди чекор кон полошо и овој пат се обидува да профитира од пожарите, обвини Стефан Васев од СДСМ.
„Мицкоски никако не извлекува поука од минатото и ги повторува грешките, на своја штета. На ист начин како што се обидуваше да ги манипулира граѓаните со конструкции, лажни обвинувања и измислици дека јавното здравство нема тестови, лекови и знаење да се справува со корона кризата. Сега повторно Мицкоски со лажни и неосновани обвинувања, со конструкции се обидува да сее страв, омаловажувајќи ги напорите на институциите да се справуваат со пожарите“, вели Васев.
Тој уверува дека системот функционира и дека сите надлежни институции, на централно и локално ниво се активни за справување со пожарите.