Нова студија покажа дека на луѓето може да се забележи дали некој е богат или сиромашен со едноставно набљудување на нивниот неутрален израз на лицето.

Луѓето ги користат овие впечатоци и на пристрасен начин, па така порадо соработуваат со луѓето кои ќе им се причинат побогати.
„Ваквите впечатоци може да станат некој вид самоисполнувачко пророштво кое ќе влијае на вашите интеракции и прилики кои ќе ви се пружат во живот“, вели професорот Николас Руле, пренесува Science Daily.
Интересно е дека истражувачите дошле до заклучок дека впечатоците за нечија општествена класа може да се стекнат само кај лицата кои имаат неутрален израз на лицето, то ест кога не се смејат и не покажуваат други емоции.
Истражувањето е спроведено така што на лицата им биле прикажувани фотографии од луѓе со неутрален израз на лицето врз основа на што тие заклучувале дали некој е богат или не. Точноста била 53 отсто.
Бидејќи на фотографиите главно биле студенти од 18 до 22 години, тоа покажува дека младите луѓе на таа возраст веќе имаат доволно животно искуство кое влијаело на нивниот израз на лицето според кој може да се заклучи нивниот социјален статус.
„Во мозокот се наоѓаат неврони специјализирани за препознавање лица. Лицето е првото нешто кое го забележувате кога ќе погледнете некого“, вели Руле.
Луѓето не се ни свесни како доаѓаат до овие заклучоци и не знаат да наведат ни една рационална причина зошто мислат дека некој е богат или сиромашен.