Вашингтон пост: Американската полиција застрелува двојно повеќе Афроамериканци отколку белци

од Nikola Popovski

Полицијата во САД убила 1.055 луѓе за време на интервенција минатата година, објави Вашингтон пост во својот најнов извештај. Наведоа дека ова е најголем број на убиени цивили од 2015 година, откако овој дневен весник води статистика.

Една година претходно загинале 1.021 лице, а во 2019 година 999 лица.

Во извештајот се наведува дека во последните седум години е зголемен бројот на загинати во полициски интервенции.

Афроамериканците сочинуваат помалку од 13 отсто од населението на САД, а полицијата ги убива двојно повеќе од белците. Хиспаноамериканец исто така се убиени во непропорционален процент.

Во 2015 година, Вашингтон пост создаде база на податоци и почна да го евидентира секое пукање со смртен исход во кое учествуваа полицајци на должност во САД и забележа повеќе од 5.000 такви престрелки.

Откако полицијата во Фергусон, Мисури, го уби Мајкл Браун, невооружен 18-годишен црнец, во 2014 година, истрагата на Пост покажа дека ФБИ во својот извештај прикажал помалку од половина од сите полициски престрелки што резултирале со смрт.

Пријавувањето на полициските управи е доброволно, а многу федерални полициски оддели едноставно избираат да не го сторат тоа. Податоците на Пост првенствено се потпираат на написи и извештаи во весници, објави на социјалните мрежи и полициски извештаи.

Слични содржини