Вашингтон предупреди на зголемување на тензиите околу Придњестровје

од Nikola Popovski

Американските власти вечерва предупредија на обиди за „зголемување на тензиите“ по серијата експлозии во молдавскиот сепаратистички регион Придњестровје, кој граничи со Украина.

„Загрижени сме за секој потенцијален обид за ескалација на тензиите“, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

Вчера молдавските власти најавија мерки за зајакнување на безбедноста по серијата експлозии во регионот на Придњестровје, кој ја има поддршката од Русија, а кои предизвикаа страв од прелевање на актуелниот конфликт во Украина.

„Ги повикуваме молдавските власти да се смират како одговор на овие настани и целосно да го поддржат територијалниот интегритет и суверенитет на земјата“, додаде Прајс.

Придњестровје, кој се отцепи од Молдавија по кратката граѓанска војна по распадот на Советскиот Сојуз, има население од околу 500.000 жители, додека Русија ја поддржува областа и економски и воено.

Русија има околу 1.500 војници таму кои служат како мировници, но се стравува дека тие би можеле да бидат искористени за инвазија на Украина.

Слични содржини