Вашингтон размислува да се повлече од Советот за човекови права на ОН

од desk2
77 прегледи

САД размислуваат за повлекување од Советот за човекови права на Обединетите нации, истакнувајќи го пристрасниот став во врска со Израел, изјави американскиот амбасадор при ОН Ники Хејли.


Таа вели дека САД внимателно ја анализираат својата улога во Советот.
Според неа, тешко е да се прифати фактот дека усвоени се пет резолуции против Израел, американскиот сојузник, а ниедна не е разгледувана за Венецуела.
Се очекува Хејли денеска да се обрати пред Советот, наведува BBC.
Во извештајот на Washington post минатата седмица, Хејли рече дека Советот мора да ја оконча практиката на погрешно издвојување на Израел како предмет на критика.
Таа ја пофали работата на Советот, но вели дека не е доволно направено за осуда на Ирак, „земја со ужасно досие на почитување на човековите права“, и на Венецуела, „во која владее политички хаос и каде десетина демонстранти убиени минатите месеци“.