Васкопулос: Кога се роди македонската национална идеологија, првите идеолози барале да има независна македонска држава

од Vladimir Zorba

„Кога се роди македонската национална идеологија, првите идеолози барале да има независна македонска држава. Првиот елемент, сите други национални идеологии сакале да создадат зависни држави со крал. Со ова се разликува од другите народи и другите власти во соседните држави“ изјави Павле Васкопулос, Еден од водачите на партијата на Македонците во Грција „Виножито“ на поткастот „Политиканти“.

Тој додаде дека вториот елемент е улогата на црквата и дека за разлика од останатите држави во соседството, македонските идеолози, иако ги почитуваат сите религии не сакале да бидат едно – држава и црква.

„Третото, најважно, тогаш се родија најубавите идеи на социјализам кога се роди македонската национална идеологија. Ова во другите соседни држави го нема. Затоа сум јас Македонец, со овие три важни елементи и доволно ми е. Знам дека нема никаква потреба да барам потекло, да дискутирам за антиката, за предисторија“ заклучи Васкопулос.

Слични содржини