42-годишниот македонски стручњак Александар Васоски денеска и официјално беше претставен за нов тренер на фудбалскиот клуб Сараево.
Васоски доаѓа на кормилото наместо Горан Саблиќ кој го напушти тимот на крајот од есенската полусезона.
Добредојде му посака претседателот на УО Исмир Мирвиќ, кој истакна дека тој е прва опција од почетокот на разговорите.
– Тој е полн со енергија, желба и ентузијазам да ни помогне. Играше на највисоко ниво во странство и во Македонија и е специјалист за развој на млади играчи – изјави Мирвиќ.
Во своето прво обраќање до Босна и Херцеговина, Васоски за медиумите изјави дека му е чест и задоволство што е избран да биде дел од голем проект и голем клуб.
– Тоа е исто така голема обврска што можам да ја носам на моите раменици. Мојата прва цел е да одиме во Европа и да го освојам Купот на БиХ, а долгорочно да се обидам да воспоставам млади играчи во првиот тим, а зошто да не и во репрезентацијата – изјави Васоски.
Првата прозивка на играчите ја закажа за денеска во 13 часот, а тимот ќе тренира во Сараево до 19 јануари кога ќе отпатува за Љубушки каде ќе одигра два подготвителни натпревари. Потоа следува дел од подготовките во Анталија каде ќе се одиграат четири натпревари и финишот на подготовките во главниот град на БиХ.
– Овие седум-осум дена ќе ги искористам да одредам 24 играчи и тројца голмани кои ќе одат на подготовките – додаде новиот тренер на Сараево.