Васоски поднесе оставка од клупата на Сараево

од Nikola Popovski
313 прегледи

Досегашниот шеф на стручниот штаб на ФК Сараево, Александар Васоски, поднесе оставка од оваа функција.

Оваа информација Васоски ја потврдил на официјалната прес-конференција по мечот со Железничар, а како главна причина ги навел лошите резултати.

„Поради низа негативни резултати преземам одговорност и поднесувам оставка од клупата на Сараево. Не сум навикнат да имам вакви лоши резултати. Мислам дека тоа е шок-терапија што му е потребна на Сараево“, изјави Васоски.

Васоски ја презеде екипата на Сараево во јануари годинава, а на 15 натпревари забележа 15 победи, 4 нерешени и 4 порази.

Слични содржини