Ватикан се откажа од средбата на папата Франциск со рускиот патријарх Кирил

од Vladimir Zorba

Папата Франциск денеска изјави дека плановите за негова средба со патријархот московски и на цела Русија, Кирил се откажани.

Папата за аргентинскиот весник „Насион“ изјави дека плановите се „суспендирани“ затоа што ватиканските дипломати го советувале дека таквата средба „може да предизвика голема конфузија во моментов“ и дека му е жал поради тоа.

Ројтерс на 11 април објави дека Ватикан размислува да ја продолжи посетата на папата на Либан на 12 јуни за еден ден, за да може да се сретне со Кирил во Ерусалим на 14 јуни.

Слични содржини