Ватикан со нови детали за здравствената состојба на папата

од Stefanija Kuzmanovska

Закрепнувањето на папата Франциск по операцијата оди добро, но лекарите го советувале утре да не им се обраќа на верниците од балконот на болницата, за да не се заморува.

Серџо Алфиери, главен хирург во болницата Гемели каде што папата беше опериран пред неколку дена, рече дека 86-годишниот папа ги прифатил сугестиите на лекарите, пренесе „Ројтерс“.

Папата Франциск се согласил и со препораките на лекарите да остане во болница најмалку уште една недела.

Поглаварот на Римокатоличката црква во средата беше подложен на тричасовна операција поради абдоминална хернија.

Слични содржини