Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке, започна со психолошки трикови
пред финалето за сезоната во Бундеслигата.

Вестфален е на две поени зад Баерн Минхен, но веројатноста за освојување на „сребрената
салатиера“ не е голема.
„Мислам дека имаме одлична сезона, имаме 18 бода повеќе од претходната, цели 18 бода! Драго ни
е што конечно нештата ќе се решат во последниот круг. Ова не се случило долго време и е добро за
германскиот фудбал. Ние сме многу горди“, рече Вацке.
„Ние сигурно ќе дадеме се од себе во овој круг. Во моментов сме соочени пред ситуација во која
Баерн може да загуби сè, а ние – само да освоиме. Нема што повеќе да се каже за темата“, додаде
шефот.