408
Швајцарскиот тенисер Стен Вавринка доби вајлд-карта и следната недела ќе игра на турнирот во Марбела, соопштија организаторите.
Поранешниот број 3 во светскиот тенис нема играно од 9 март 2021 година, а повеќе од една година е надвор од терените поради повреда.
Вавринка направи две операции на левата нога и падна на 232 место на светската АТП листа.
Турнирот во Марбела ќе се одржи од 27 март до 3 април, а Вавринка таму ќе го прослави својот 37 роденден, а тоа е на 28 март.
Натпреварувањето е подготвителен турнир за Мастерсот 1000 во Монте Карло (10-18 април), а Вавринка доби „вајлд-карта“ и за тој турнир.