Важна информација за потрошувачите: Се повлекува овој производ

од Nikola Popovski
61 прегледи

„Јaffa doo Crvenka“ ги информира купувачите и потрошувачите дека доброволно повлекуваат одредени количини од производот Rum kasato 120g со следниве рокови на траење – најдобро да се употреби до 10.7.2025, 14.7.2025, 23.7.2025, 24.7.2025, 25.7.2025 и 26.7.2025.

Причина за повлекување е можно присуство на тврди шеќерни парчиња.

-Сите останати рокови на траење се со стандардно висок квалитет. Довербата на нашите потрошувачи и нашата посветеност кон доследно применување на највисоките стандарди се приоритет на компанијата Jaffa Crvenka.

Ги повикуваме купувачите и потрошувачите кои имаат купено производи со наведениот рок на траење да се обратат кај своите Jaffa продавачи, преку е-пошта на [email protected] или на телефонскиот број 0800/200-010 за замена на производот, порачаа од „Jaffa“.

Слични содржини