Докторка открива кој производ никогаш не би го користела за своите очи

од Stefanija Kuzmanovska
616 прегледи

Иако постојат многу начини на кои можеме да го заштитиме здравјето на нашите очи, овој орган најчесто го запоставуваме.

Од оние кои се сметаат за изложени на висок ризик од губење на видот, дури 40 отсто не ги прегледале очите во изминатата година, според американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

Оптометристот д-р Мишел Холмс изјави за HuffPost дека повеќето луѓе стануваат благодарни за својот вид само кога ќе наидат на проблем.

Д-р Холмс наведува дека крвните садови кои се наоѓаат во предниот дел на окото имаат важна цел – кога окото е воспалено или иритирано, тие се шират и набабруваат.

„Тоа е она што предизвикува белката да изгледа црвено“, објасни таа. Иако може да се работи само за благ проблем, како прашина во окото или настинка, не треба да се игнорира можноста за сериозна здравствена состојба.

Во секој случај, повеќето луѓе веднаш се потпираат на капки за очи за да го ублажат црвенилото. Овие капки делуваат само на крвните садови, тие се стеснуваат и црвенилото исчезнува. Тие привремено ги прават очите побели, но всушност само го прикриваат проблемот.

„Она што ме загрижува за тие капки за очи е тоа што тие можат да се користат за маскирање на црвенилото, а често тоа црвенило е симптом на посериозен здравствен проблем“, објасни Холмс. „Во некои случаи, луѓето стануваат зависни од такви капки и на тој начин не успеваат да го решат основниот проблем“.

Д-р Холмс вели дека е подобро да се одлучите за капки за очи без конзерванси (вештачки солзи), бидејќи тие се понежни за очите.

Конечно, ако вашето око е црвено и иритирано, посетете го вашиот лекар. Побезбедно е навреме да се дијагностицира и отстрани проблемот отколку да се игнорира.

Слични содржини