Важно за авиопатници: Проверете што се случува на аеродром Брисел, има ли откажувања на летовите

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Прекин на напојувањето на меѓународниот аеродром во белгиската престолнина ги напна нервите на сите патници, кои денеска планирале патувањето во раните утрински часови , пишува германскиот национален дневен весник Die Frankfurter Allgemeine Zeitung

Паѓањето на системот за напојување направи  долга низа одложувања на летовите. Час и половина подоцна воздушниот сообраќај беше вратен , но одложувања пореметија летови во рамките на целиот ден. Сепак аеродромските власти ги предупредија патниците да се јавуваат навреме за летовите.    Претходно медиуми објавија дека пристапот до меѓународниот аеродром во Брисел е блокиран поради пожар. За возврат аеродромските власти потврдија за паѓање  на напојувањето.  RTL цитира сведоци кои изјавија дека сите летови од аеродромот биле проверени , а патниците биле тргнати  надвор терминалите.