337
Премиерлигашот Вест Бромвич Албион објави на социјалните мрежи кој ќе го замени Славен Билиќ на позицијата менаџер на клубот.
Како што се очекуваше, тоа е Сем Алардајс, 66-годишен англиски тренер, кој е специјализиран за спасување на клубови од испаѓање.
Во кариерата тој бил предводник на 512 натпревари во Премиер лигата, на клупите на Болтон, Васт Хем Јунајтед, Сандерленд, Кристал Палас, а последниот ангажман го имаше во Евертон, во 2018 година.
„Во Сем имаме докажан менаџер во Премиерлигата кој го подобри секој клуб што го предводеше. Веруваме дека Сем со комбинацијата на квалитетни играчи што ги имаме, ќе ни даде најголеми шанси да останеме во Премиер лигата“, соопштиле од клубот од Бирмингем.