Вчера беше навистина убаво, контејнерите се празни и нема прелевање – вели Мицкоски за чистењето на Скопје

-Делува смешно, ве разбирам и можеби и јас би се насмеал за сето ова што го зборуваме, но за жал се доведовме во ваква ситуација, вели Мицкоски за акцијата за „светнување“ на Скопје за 72 часа

од Nikola Popovski
14 прегледи

Вчера беше навистина убаво. Денеска можевме да видиме дека контејнерите се празни и чисти и дека немавме прелевање. Делува смешно, ве разбирам и можеби и јас би се насмеал за сето ова што го зборуваме, но за жал се доведовме во ваква ситуација, вели премиерот Христијан Мицкоски за акцијата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за целосно чистење на главниот град во рок од 72 часа.

Според Мицкоски, виновна за хаосот со сметот во Скопје е опозицијата, која, како што вели, преку неработењето на претходната градоначалничка, Данела Арсовска сакала да нанесе штета на Владата и државата. Премиерот дека делумно и успеале во таквата намера.

-Ги засукавме ракавите и започнуваме со темелите. Така беше и во Владата, и сега еве во Градот. Немате во животот, втора шанса за прв впечаток. Мислам дека новиот градоначалник тоа ќе го оправда, кажа Мицкоски на увид на градежни работи поврзани со проектот градски воз.

Веќе неколку месеци контејнерите на улиците во скопските општини беа претрупани со отпад, кој службите на Комунална хигиена не го собираа или поретко го собираа. Граѓаните се револтирани, а за колапсот со собирањето на комуналниот отпад, претходната градоначалничка, политичките партии и кандидатите за градоначалници и сега веќе избраните градоначалници, преку прес-конференции и соопштенија вината си ја префрлаат меѓу себе.