Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните, соопшти министерството за здравство. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.
Вчера вкупно се вакцинирале 17.427 граѓани, додека прва доза вакцина вчера примиле 11.732 граѓани.
Вкупно се аплицирани 1.097.855 дози вакцини, а ревакцинирани се 485.464 граѓани.
✅68% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.
✅66% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.
✅62% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина.
✅53% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина.
„Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста“, порачуваат од Министерството за здравство.