188
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата,соопштија од Министерството за здравство.
Вкупно се аплицирани 431.174 дози вакцини, а ревакцинирани се 177.020 граѓани.
Вчера вкупно се вакцинирале 10.065 граѓани.
Прва доза вакцина вчера примиле 1.450 граѓани.
Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 447.543 граѓани.
Со последните бројки 48% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина, додека 35% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина
Пријави се на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација, порачуваат од МЗ.