Вдовицата и синот на загинат војник убиени во руски напад за време на комеморацијата

од Stefanija Kuzmanovska
269 прегледи

Во моментот кога едно кафуле беше погодено од руски ракетен напад во селото Хроза во областа Харков, таму се одржувала комеморација за загинат војник кој бил повторно погребан во својот роден град.

Вдовицата и синот на војникот се меѓу 51 лице кои загинаа на 5 октомври, изјави Дмитро Чубенка, портпарол на обвинителството во Харков.

Чубенка рече дека војникот најпрвин бил погребан во Дњепар, но повторно бил погребан во селото Хорза на барање на неговото семејство.

Синот и сопругата на војникот го организирале собирот и биле убиени во нападот, рече Чубенка, пренесе „Скај њуз“. Тој додаде дека и неговиот син бил војник.

Овие наводи не можат да бидат независно проверени.

За потсетување, најмалку 51 лице, меѓу кои и шестгодишно момче, загинаа во вчерашниот руски напад врз цивилни објекти во источна Украина, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко.

Во четвртокот во раните попладневни часови, во селото Хроза, во областа Харков, беа погодени кафуле и продавница во време кога таму имало многу цивили. Седум лица се хоспитализирани по нападот.

Засега Москва не ги коментираше настаните во Хорза. Русија негира дека нападнала цивилни цели во Украина.

Слични содржини