
Актерката Мишел Вилијамс е во врска со финансискиот советник Ендру Џонс, вели ContactMusic.
“Таа сака добар човек и стабилно семејство”, изјави нејзиниот пријател за ЈУ -ЕС-Викли.
Мишел Вилијамс ја има 12-годишна ќерка Матилда од починатиот актер Хит Леџер. Таа тешко ја надмина неговата трагична смрт пред речиси 10 години.
Актерката предизвика претпоставки дека таа веќе може да се упатила кон олтарот, бидејќи на церемонијата за наградите “Златен глобус” носеше прстен со дијамант. Потоа рече дека тоа е само “убав скапоцен камен”.
Гласините за односот на Мишел Вилијамс и Ендрју Џонс започнаа во јули 2017 година, кога беа заедно во Рим. Таа таму го снимаше таму “Сите пари во светот”.