„Ве почитувам повеќе од кој било на светот“: Каков однос имал Доналд Трамп со мајката на Меланија?

од Stefanija Kuzmanovska
295 прегледи

Мајката на Меланија Трамп, Амалија Кнавс почина на 78-годишна возраст. Претходно, дури и поранешниот американски претседател Доналд Трамп јавно откри дека нејзиното здравје е сериозно нарушено.

Извори блиски до Трамп постојано истакнуваат дека веројатно нема жена, покрај Меланија, која Доналд ја почитувал повеќе од Амалија Кнавс во својот живот.

Трамп во повеќе наврати ѝ кажал на мајката на неговата сопруга дека ја почитува повеќе од кој било на светот и дека ѝ е неизмерно благодарен што ја родила Меланија и ја воспитала да биде силна и чесна жена.

Затоа му било исклучително важно лично да ја праша дали ќе ѝ дозволи на својата ќерка да му биде сопруга.

Амалија Кнавс, е родена во селото Рака, таа работела во фабриката „Јутрањка“ како кројачка за детска облека, додека нејзиниот сопруг Виктор водел салон за продажба на автомобили и мотоцикли. Покрај Меланија Трамп, двојката Кнавс ја добила и ќерката Инес.

Слични содржини