Во Скопје по четврти пат ќе се одржи Меѓународниот фестивал за класична гитара „Тремоло П.С. Гитар фест“. Ќе се натпреваруваат студенти и ученици во категоријата класична гитара. 
Настапите ќе ги оценува жири кое е составено од познати гитаристи – Дарко Багески и Александар Крстановски од Македонија, Џевдет Сахатџија и Антонио Руменовиќ од Хрватска, Дарко Карајиќ и Бошко Радојковиќ од Србија и Стела Динкова од Бугарија.
Победниците на натпреварот ќе добијат награди, а скопската публика ќе има можност да посети три концерти во Културно информативниот центар вечерва и во следните два дена, со почеток во 20 часот.
Град Скопје и Детскиот културен центар “Карпош” манифестацијата ја оргнаизираат по четврти пат.