Вечерва ќе се случи нешто страшно: Астероидот колку двокатен автобус, ќе мине „многу близу Земјата!„

од desk2
76 прегледи

 

Астероидот 2017 BS32 ќе прелета меѓу Земјата и Месечината вечерва, неколку дена по неговото откривање, пишува “Дејли мејл”. Тој е со големина на двокатен автобус – широк меѓу 11 и 25 метри.


Небесното тело ќе се доближи најмногу до Земјата во 20,23 часот по Гринич на оддалеченост од 161.280 километри – двојно поблиску од Месечината.

Брзината со која лета, е 11,56 километри во секунда.

Астероидот беше забележан на 30 јануари. Тој се движи во орбита од рамнината на Венера до Марс. Ова е четвртото небесно тело кое НАСА го забележала дека поминува во близина на нашата планета од почетокот на годината.