Вечерва во галерискиот простор на МКЦ, ќе биде отворена изложбата на шпанскиот сликар, Пабло Пикасо.Ќе бидат претставени 46 графички дела – факсимили на цртежи, литографии и одделни гравури, од периодот 1932-1969 година. Делата се во сопственост на приватната галерија „Висконти“ од Љубљана. Изложбата ќе биде поставена до 16 март.

Се работи за култен настан, реткост на овие простори. Во интервју за порталот МКД.мк, директорот на МКЦ, Златко Стевковски, кој важи за еден од ретките штитеници на вредностите на културата, ја потенцира важноста од ваквите настани во средини како Македонија.

Локално пренесува дел од интервјуто на новинарот Тони Димков.

mkd-244033

Веќе на почетокот на годината ја најавивте ексклузивна изложба на графики од Пабло Пикасо во Галеријата на МКЦ. Колку време траеја преговорите околу доаѓањето на изложбата во Скопје и што истата значи за МКЦ, но и во поширок контекст за Скопје и Македонија?

Најпрвин, Тони, сполај ти за можноста (оваа) да им додевам на вашите убави кои ве следат, оти нели, кој тоа денес и чуму воопшто би читал било кој/што?! Те почитувам и тебе, многу, поради фактот што си една родова категорија во изумирање, „новинар – култура“ (ништо лично), оти денес, масмедиумите единствено кохортно сервираат нискост по секоја цена, т.е. политика, лесна забава, и утешно, спорт (или она што остана од еднаш, оваа витешка професија).

Пикасо в МК/Ц! Убаво, нели?! Лоша формулација, нема ’преговори‘, само договор, џентлменски, пријателски, ’препознавачки‘. Нам, од стариот ков,  ’шмекерите‘, сè уште ни успева така. ;;)))) А за времетраењето, зарем постоеше времето како димензија?! Оттука, зарем е важно?! Инаку, ќе значи (бар така ние замислуваме в МКЦ), многу, ќе има бранувачки ефект.

Пикасо, ќе ги од/земе заведените екраномани на турски серии и плиткоумни политикантски и турбофолк загадувачки јавни пројави, потем, ќе ги подиспразни кладилниците (македонските социјални светилишта), и ’врховниот храм‘, Сити мол. Добро ќе е за сиве несвесни жртви, да дојдат, видат, се пробудат…

Инаку, за Македонија, значи стратегија, позиционирање. Секој Македонец каде и да е, ќе може да подвикне дека во неговата Македонија, има изложби на Пикасо, Ворхол, Лихтенштајн…, индирок концерти, филм, театар…, а не полициски станици, судови, уќумати, ап(о)теки, гранапи, ’кафанчиња‘…, или она што некогаш беа белези на истребувачкиот див Запад.

Слични содржини