Вечерва првото полуфинале на Евровизија, Гарванлиев ќе настапи со реден број 6

од Stefanija Kuzmanovska
413 прегледи

Вечерва започнува натпреварот за песна на Евровизија. Гледачите ширум Европа и светот вечерва ќе можат да ја следат првата полуфинална вечер.

Ќе настапат 16 натпреварувачи, меѓу кои и нашиот претставник Васил Гарванлиев кој ќе настапи со реден број 6, а најдобрите 10 ќе се пласираат во големото финале кое ќе се емитува во сабота.

Оваа година Евровизија се одржува под слоганот „Отвори се“ (Open up), а Владата на Холандија го одобри натпреварот што треба да се одржи со ограничен број на гледачи и со строго почитување на мерките што ќе обезбедат здравствена безбедност на обожавателите, натпреварувачите, нивните тимови, новинари и организатори.

Овој мај, со зголемени мерки на претпазливост, Ротердам е домаќин на претставници на 39 земји во салата Ахој, која претходно беше домаќин на неколку големи настани.

Слични содржини