Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од страна на продуцентот на играната серија „Бистра вода“ се известени дека вечерва (21.10.2022) во периодот од 22.00 до 02.00 часот во објект на ул. „Владимир Полежановски“ во Скопје ќе се снимаат сцени за серијата, во кои ќе биде употребено огнено оружје.
Режисер е на проектот е Јани Бојаџи. Серијата се снима на повеќе од 50 локации во Скопје, но и низ државата.