Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, за денеска – 14 ноември 2015 година, сабота, свика седница на Советот за безбедност на Република Македонија во проширен состав, по терористичките напади во Париз.

6339mala

Советот за безбедност ќе заседава во состав:

  1. Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија,
  2. Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија,
  3. Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија,
  4. Зоран Јолевски, министер за одбрана на Република Македонија,
  5. Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи на Република Македонија,
  6. Никола Попоски, министер за надворешни работи на Република Македонија,
  7. Вели Креци, член на СБ,
  8. Фљора Кадриу, член на СБ,
  9. Насер Сејдини, член на СБ.

 

Претседателот Иванов, согласно Деловникот за работата на Советот за безбедност, на седницата ги повика и Раководителот на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Никола Тодоров, директорот на Центарот за управување со кризи и Раководителот на Групата за процена, Сузана Салиу, заменик-министерот за внатрешни работи Митко Чавков, Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, Генерал потполковник Методија Величковски, Директорот на Агенцијата за разузнавање, Наќе Чулев, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање  Љупчо Андоновски, директорот на Бирото за јавна безбдност Горанчо Савовски, Раководител на сектор во  Службата за воена безбедност и разузнавање Фердинанд Оџаков и претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија, Емил Димитриев.

Слични содржини