Вејд стана ко-сопственик на Јута џез

од Stefanija Kuzmanovska
426 прегледи

Трикратниот шампион во НБА со Мајами хит, пензионираниот американски кошаркар Двејн Вејд, стана ко-сопственик на моментално водечкиот тим во најсилната кошаркарска лига на светот, Јута џез.

– Како бизнисмен и инвеститор, внесувам повеќе од моето искуство во кошарката во ова партнерство. Возбуден сум што ќе помогнам Јута Џез да се искачи на ново ниво – објави Вејд, пренесува Хина.

– Додека продолжуваме да го градиме неверојатното наследство на Џез, возбудени сме што во оваа равенка го внесуваме искуството и знаењето на Двејн – изјави мнозинскиот сопственик на клубот, Рајан Смит.

Вејд (39) поголемиот дел од својата играчка кариера го помина во Мајами Хит, а сопственикот на тимот Мики Арисон изрази разочарување што Вејд не решил да инвестира во неговиот клуб.

– Разговаравме за влез во сопственичката група откако тој се пензионираше, но тој не беше подготвен цело време да се посвети на таа работа. Секако дека сум разочаран што не се предомисли. Но, му посакувам среќа и успех во Џез – сподели Ерисон преку Твитер.

Слични содржини