Вејн Руни имал бурна забава: Дами со „лесен морал“ учествувале во неа! (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
432 прегледи

Поранешниот англиски репрезентативец Вејн Руни последните денови беше во центарот на вниманието на британските медиуми. Имено, на Твитер кружат фотографии од неговиот бурен состанок со три 21-годишни девојки.

Фудбалерот излегол во клуб во Манчестер и се сретна со инфлуенсерката Тајлер Рајан и нејзините двајца пријатели. Ги поканил да му се придружат и тие пиеле заедно со една од нив и се бакнал. Девојките се фотографираа и објавуваа сè на социјалните мрежи.

Подоцна, заедно отидоа во хотел, каде девојките во долна облека танцуваа околу онесвестениот Руни и сето тоа го снимија со камера. Фудбалерот тврди дека во еден момент повикал полиција.

„Се плашев дека ќе ме уценуваат со овие фотографии“, изјави Руни за „Мирор“, но полицијата соопшти дека не добиле никаква официјална жалба.

Потсетуваме, фудбалерот е во брак 12 години со Колин Руни, која му роди четири сина.

Тој ја изневери неколку пати, но таа остана со него и покрај сè. Колин очигледно верува во чудната приказна на нејзиниот сопруг и верува дека Вејн е жртва на местенка.

Таа одби да го заврши својот одмор со нивните четири сина во Абершок, Северен Велс.

– Таа апсолутно го поддржува и стои зад него. Тие разговараа и таа целосно верува во неговата верзија на настаните. Тие се цврсти како карпа – изјави извор близок на парот за британски весник.

Слични содржини